Хрватот Мате Римац на турнеја во САД со својот електричен хиперавтомобил

- Advertisement -

Хрватскиот производител на електрични возила и батерии за нив Rimac Automobili објави дека стартува американска турнеја со својот нов проект- електричниот хиперавтомобил Concept Two. Овој автомобил премиерно беше прикажан во март на Меѓународниот саем на автомобили во Женева, а потоа и на сличен настан во Њујорк, поради што изостана неговиот настап на Zagreb Auto Show, пишува Poslovni Dnevnik.

Како што објавија од компанијата, минатата недела Concept Two се појави во Лос Анџелес на заадниот брег на САД, а потоа и на низа специјализирани настани на Monterey Car Week во јужна Калифорнија. Римац годинаа е во голема офанзива, која на средината на годината беше крунисана со малцински сопственички удел на германски Porsche во компанијата. Германската компанија, како што објавија, не влезе само во бизнисот на Римац со возила на четири тркала, туку и во сегментот за електрични велосипеди Greyp Bikes.

- Advertisement -

Минатата недела Мате Римац, основач и директор на компанијата, најави големи инвестиции во технолошкиот парк во Ливно во БиХ. Римац на Business Forum Livno 2018 кажа дека БиХ е најлоша економија во Европа, а Херцег-босанската жупанија е најлоша во државата и заедно со други жители на Ливно го стартувал основањето на технолошкиот парк во градот, кој ќе почне со работа на почетокот на септември. Паркот треба да им помогне на младите луѓе кои живеат таму да ги зајакнат врските со дијаспората. Во паркот би требало во првата фаза да бидат ангажирани 30 експерти, а се планира вкупниот број да биде 100.

Сподели!
- Advertisement -