Snapdragon 700 ќе донесе поиздржлива батерија и вештачка интелигенција во мобилните уреди

- Advertisement -

Snapdragon 700, новиот чип на Qualcomm ќе биде позициониран под средната класа смартфони, но ќе нуди функции како за предводник

Од компанијата соопштија дека дел од функциите на сериите Snapdragon 800 ќе бидат достапни и во евтиниот Snapdragon 700, а една од нив ќе биде два пати побрзo извршување на операции поврзани со вештачкa нтелигенција. Новата платформа ќе поддржува Qualcomm Spectra ISP, кој одговара за квалитетот на фотографиите кај голем дел од предводниците во моментов, како и за снимање на видеа во „слоу моушн“ и HDR.
Покрај големите можности, Snapdragon 700 ќе биде и подобро оптимизиран за работа, а се очекува да биде до 30% поекономичен при користењето на батеријата на смартфонот. Тој ќе го поддржува и Quick Charge 4+ стандардот, кој овозможува да го наполните уредот до 50% за само 15 минути. Комуникациските модули како LTE, WiFi и Bluetooth 5 исто така ќе бидат поддржани.
Од Qualcomm објавија дека новата платформа веќе се тестира од некои клиенти на компанијата и ќе влезе во продажба во првата половина на годината. Допрва очекуваме повеќе информации за перформансите на системот, но сигурно е дека тој ќе ја направи средната класа уреди доста помоќна.
Сподели!
- Advertisement -