15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

IBM патентираше паметен дрон за достава на кафе кој ќе препознава кога ви треба доза кофеин

Kabtel desktop

Вашиот иден бариста може да биде дрон за достава на кафе. IBM поднесе патент за беспилотно летало кое е способно да доставува кафе до вработени или до потрошувачи во кафуле пред и тие да побараат. Дронот ќе користи сензори за да утврди дали некој сака или му е потребен пијалак така што ќе ги набљудува гестовите со раце или ќе ја проценува нивната когнитивна состојба.

Дронот е замислен да одлета до некоја личност со пијалакот прикачен на посебен држач. На една од фотографите од патентот дронот дури го истура кафето директно во чаша која ја држи човек. Во патентот се опишува дека дронот ќе може да процени дали некому му е потребно кафе пред и самиот да почувствува дека му треба кофеин.

Проценката на когнитивната состојба на луѓето и потребата од кафе ќе ја врши врз повеќе фактори: квалитетот на сонот, електронскиот календар, биометричките податоци, притисокот, дилатацијата на зениците, анализа на изразите на лицето, анализа на гестовите итн. Овие фактори ќе се мерат и детектираат со посебен додаток од типот на Fitbit.

Дроновите ќе може и да се конектираат со сервер, кој ќе диктира каде ќе одат, а ќе се земаат предвид и навиките на луѓето за консумирање кафе во одредени периоди за да се процени каде треба да се однесе следното кафе. Се разбира дека дроновите ќе можат да носат различни видови кафе, во зависност од вкусот на поединците.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!