Законски измени за посилен влез на инвестиции од бизнис ангели во македонските фирми

- Advertisement -
На Форумот за афирмација за потребата од институционално регулирање на финансирањето преку моделот на „бизнис-ангели”, кој се одржа денеска, учествуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.

„Бизнис-ангели“ се инвеститори во бизнис-проекти, старт-ап програми и мали и средни претпријатија. Во светски рамки приближно 50 милијарди долари се инвестираат преку оваа форма на инвестирање. На вчерашниот Форум за бизнис ангели на кој учествуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ се најави олеснување на законските пречки за поинтензивен влез на бизнис-ангелите на македонскиот пазар. Најавија дека се сериозни да ги отворат вратите за овие инвеститори, а нивни таргет ќе бидат младите луѓе со добри идеи, како и малите и средни бизниси.

„Луѓето што имаат идеи и имаат амбиција за да го реализираат својот бизнис-план во почетокот немаат финансиски средства за тоа. Во тие услови многу е тешко да се појавите во некоја банка и да побарате кредит бидејќи секоја банка бара да имате некоја историја или хипотека. Младите луѓе кои имаат идеи не секогаш имаат хипотека, а историја немаат никаква, бидејќи се занимавале со нешто друго или не ја реализирале идејата. Многу идеи во нашата држава се пропаднати токму од таа причина, бидејќи не можат да најдат извор за финансирање одат во заборав и никогаш не се реализирани“, рече Анѓушев.

- Advertisement -

Но, денес тековите се менуваат и најголемите компании кои денеска котираат на берзите се луѓе што не наследиле богатство, туку што почнале од нула.

Можам само да ве потсетам на основачите на ‘Епл’, на ‘Тесла’, на ‘Амазон’, тоа се луѓе коишто своите компании ги стартувале од нула и успеале. Денеска капитал има многу, капитал имаат банките, но тие мораат да бидат конзервативни затоа што ги штитат депозитите на граѓаните и мораат да почитуваат извесни критериуми“, изјави Анѓушев.

- Advertisement -

Министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ, истакна дека владата сите досегашни активности поврзани со инвестирање преку „бизнис-ангели“ ги реализирала во соработка со бизнис-секторот.

Почнавме да ги испитуваме можностите за измена на постоечката, како и за донесување на нова регулатива за овозможување на полесен пристап за инвестирање преку моделот на ‘бизнис-ангели’. Очекуваме оваа форма којашто до сега во Македонија се реализира во многу мал обем во иднина да прерасне во солиден извор на финансирање на бизнис-секторот што ќе значи унапредување на севкупната економија“, нагласи Шапуриќ.

- Advertisement -

На денешниот Форум присуствуваа и претседателот на светски бизнис-инвестициски форум на „бизнис-ангели“, Бајнарс Алтунташ, претседателот на Македонска академија на науките и уметностите, Таки Фити, и претседателите на Стопанските комори на Република Македонија.

Сподели!
- Advertisement -