Ова е првата кацига во светот со вграден клима уред

- Advertisement -

Љубителите на моторцикли секогаш со нетрпение очекуваат топло и суво време за да уживаат во возењето, но плановите им ги пореметуваат високите температури. Кој немал прилика да се вози на моторцикл со комплетна опрема на температура од 35 степени Целзиусови не знае колку може да биде топло, особено под кацигата. Во таква ситуација моторџиите знаат да го кренат визирот на кацигата за да се разладат, но притоа ризикуаваат да ги удри каменче или да им влезе инсект, а тоа може да предизвика потенцијално тешка незгода.

Решението го осмисли компанијата Feher Helmets, а станува збор за климатизираната кацига ACH-1. Оваа интересна иновација ја користи технологијата на модерните автомобили за ладење на седиштата, односно вентилаторот сместен во задниот дел, кој го презема амбиенталниот воздух и го циркулира низ внатрешноста на кацигата.

- Advertisement -

Исто така, кацигата е обложена со тубуларна ткаенина, која рамномерно го распределува воздухот, а ACH-1, наводно, може да ја намали температурата во кацигата до 15 степени Целзиусови, со што се намалува и температурата на целото тело на возачот или совозачот. Кацигата тежи 1,45 кг, што е стандардна просечна тежина во оваа класа и доаѓа со напојување.

Сподели!
- Advertisement -