Две години стариот стартап на својата платформа привлече над илјада американски дигитални агенции
Хрватско-американскиот стартап Top Digital Agency развива пандан на Google наменет за дигитални агенции. Оваа платформа се користи од страна на компании кои бараат агенција со која би соработувале и веќе привлече илјадници американски дигитални агенции. Горан Деак, основач и директор на Top Digital Agency (TDA) најави учество на најголемата стартап конференција во светот TechCrunch Disruptu во Сан Франциско каде очекува да дојде до нови клиенти и потенцијални инвеститори.
“Во моментов 80% од клиентите ни се од американскиот пазар и во тој правец планираме да продолжиме до крајот на годината“, вели Даек.
TDA во моментов има база од 1.513 агенции од 100 земји кои нудат 36 различни видови на услуги. Даек вели дека со својот стартап, кој го основал пред неколку години, победил на натпревар за стартапи на Spark.me и со него сака да го промени начинот на кој се поврзуваат компаниите и дигиталните агенции било тоа да се деловни мрежи, пребарувачи и регистри кои се темелат на бизнис модел “плати повеќе-видлив си’.
TDA го менува тој модел така што агенциите имаат можност да објавуваат свои примери, студии на случај кои ги сработиле, а потоа тоа го потврдуваат нивните клиенти. Колку повеќе такви референци има агенцијата, толку подобро котира на TDR за одредени услуги. Студиите на случај ја движат целата платформа со тоа што покренуваат целосно нов тренд. До самата идеја дошол уште пред 4 години кога основал сопствена агенција ForgeBIT со која се трудел да се пробие на странски пазари и успеал да одработи проекти во 28 држави.