ВИДЕО: Компанијата Kind Lab направи еколошка паста за заби во форма на апчиња

- Advertisement -

Aмбалажата на пастата за заби не е најлесна за рециклирање, но што кога не би се грижеле воопшто за тој дел од пластичниот отпад? Компанијата Kind Lab, со седиште во Лос Анџелес, официјално лансираше паста за заби со која не се создава никаков отпад затоа што не е спакувана во пластична туба. Од компанијата велат дека нивниот производ Bite Toothpaste Bits ќе го револуционизира начинот на кој ги миеме забите.

Kind Lab е основана од Линдзи Меккормик, а ја прави револуционерната паста за заби од природни состојки и тоа рачно. Компонентите се на растителна база и се тестирани во клинички испитувања. Се покажале одлично и при чистењето и при заштитата на забите. Компанијата не става флуор во пастата, па безбедна е и за деца. 

- Advertisement -

За разлика од обичната паста за заби, Bite Toothpaste Bits има форма на таблети, односно апчиња, кои се ставени во стаклена тегличка. Кога ќе сакате да ги миете забите, ставате таблета во устата, ја наводенувате четката за заби и почнувате да четкате. Таблетата се раствора и се претвора во паста за заби, пишува Inhabitat.

Компанијата се одлучи да ја продава пастата за заби на база на претплата, што значи дека можете да се претплатите за редовна доза паста за заби. Таблетите моментално ги има со два вкуса: ментол и ментол и јаглен. Тегличката се реупотребува, а кога ќе нарачате нова доза, таа е спакувана во целулозна амбалажа, која е 100% разградлива.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?v=uKtdP4751i4

Сподели!
- Advertisement -