Џек Ма, соосновач на Alibaba и најбогат човек во Кина, ќе се пензионира?

- Advertisement -

Милијардерот Џек Ма, соосновач и претседател на Alibaba Group Holding, наводно, ќе се повлече од бизнисот и ќе се пензионира. Како што пишува New York Times, Ма ќе се пензионира на 10 септември затоа што сака да се посвети на филантропијата во образовниот сектор. Датумот 10 септември е симболичен од две причини – на 10 септември му е роденден на Ма, кој ќе наполни 54 години и тој ден е Ден на учителите во Кина.

Ма е поранешен туристички водич, наставник по англиски јазик и кинески Форест Гамп. Тој во 1999 година ја основаше Alibaba заедно со уште 17 други основачи, од кои некои биле негови ученици, и ја претвори во една од најголемите компании во светот за е-трговија, а целосно го трансформираше начинот на купување и плаќање во Кина.

- Advertisement -

Ова ќе биде драстична промена за кинескиот е-трговец вреден 420 милијарди долари. Според наводите на весникот, Ма ќе остане на чело на Одборот на директори на Alibaba и ќе биде ментор на менаџментот на компанијата. Досега нема одговор од Ма на овие тврдења.

Како што изјавил Ма за New York Times, неговото пензионирање не е крај на една ера, туку почеток на нова ера. Овој потег само ја комплетира транзицијата на моќ во Alibaba која почна во 2013 година – Ма тогаш се повлече од позицијата извршен директор. Ма поседува 6,4% акции во Alibaba. Тој додал и дека ќе посвети повеќе од своето време и богатство, кое изнесува 40 милијарди долари, на образованието.

Сподели!
- Advertisement -