Данската компанија Maersk тестира технологија за користење на ветрот како погон за бродовите

- Advertisement -
Данската компанија Maersk тестира како може да се користи силата на ветрот како погонско гориво за придвижување на бродовите. Овој потег на компанијата се сопваѓа сo неповолното влијание на високите цени на нафтата врз работата на превозниците. Воедно, во 2020 година на сила стапуваат нови прописи, кои ќе го ограничат уделот на сулфур во горивата, па дел од светската флота ќе биде присилена да се префрли на поскапи горива како што е бродското плинско масло (MGO) или други масла со ниска емисија на штетни гасови.

Бродските превозници на гориво трошат околу 100 милијарди долари годишно за гориво, процени во април консултантската куќа Wood Mackenzie. Токму затоа од Maersk Tankers одлучија да го тестираат ветрот како погонска сила за своите бродови, инсталирајќи на танкерот Maersk Pelican два метални цилиндри високи 30 метри, кои функционираат како механички едра кои ротираат.

„Станува збор за пионерски проект во сегментот танкери кои превезуваат деривати. Тој сектор технолошки се развиваше со децении, но употребата на технологија базирана на ветрот како погонска сила ќе ни отвори нови можности“ изјави техничкиот директор на данската компанија, Томи Томасен.

- Advertisement -

Пробното патување на Maersk Pelican е до Ротердам. Доколку тестот биде успешен, Maersk Tankers, кој данската превозничка и логистичка групација Maersk минатата година го продаде на сопственикот на контролниот пакет акции во јапонскиот Mitsui & Cou, планира да инсталира цилиндри на половина од својата флота од 164 пловила.

Од Maersk Tankerѕ не прецизираат каква заштеда очекуваат, но наведуваат дека такнерите од овој тип трошат 35 тони гориво дневно. Ако се земе предвид дека горивата со голем удел на сулфур моментално чинат 420 долари, тоа значи дека Maersk Tankers со користење на ветрот ќе заштеди 365.000 долари годишно под услов танкерот да плови 250 дена во годината.

- Advertisement -

Maersk Pelican е третиот брод со инсталирана нова технологија базирана на ротирачки цилиндри и потпорна сила од ветрот. Технологијата ја разви компанијата Norsepower и прв пат ја примени во 2014 година на мал товарен брод, а во април годинава ја вградија на танкер кој патува од Шведска до Финска.

Сподели!
- Advertisement -