Џек Ма сепак нема да се пензионира сега туку во 2019 година

- Advertisement -

Иако пред неколку дена New York Times објави напис во кој го најави пензионирањето на најбогатиот човек во Кина, кинескиот е-трговец Alibaba денеска објави дека основачот на компанијата, Џек Ма, ќе се повлече од функцијата претседател, но дури по една година отсега.

Во согласност со плановите на компанијата, моменталниот извршен директор на Alibaba, Даниел Жанг, ќе го наследи Ма на местото претседател во септември 2019 година. Со цел да помогне за што побезболна транзиција, Ма ќе остане претседател во наредните 12 месеци.

- Advertisement -

„Г-н Ма ќе остане член на Одборот на директори на Alibaba до годишното генерално собрание на акционери во 2020 година“ се вели во соопштението од компанијата.

Ма ја основаше Alibaba во 1999 година, а сегаима богатство поголемо од 30 милијарди долари. Во 2013 година се повлече од функцијата извршен директор и на почеток уздите му ги предаде на Џонатан Лу, пред да го наследи Жанг во 2015 година.

- Advertisement -

Ма ќе остане доживотен партнер во Alibaba Partnership, која е составена од 36 партнери кои ги номинираат најголем дел од директорите во Одборот во согласност со Articles of Association на компанијата.

Сподели!
- Advertisement -