Apple го претстави досега своите најскапи модели на iPhone. Цената на новите телефони зависи од нивната големина. Најскапиот од сите телефони кои ги претстави денеска – iPhone XS, XS Max и XR – е iPhone XS Max, кој истовремено го има и најголемиот дисплеј што некогаш го имал еден iPhone.
Како што пренесува The Independent, цената на овој модел почнува од 1.099 долари за основната верзија, а како што се зголемува складишниот простор до максимум 512GB ќе се зголемува и цената.
Цената на XS почнува од 999 долари, исто како и моделот iPhone X, но и овој модел ќе има опција за поголема меморија. И за двата телефони нарачките во претпродажба почнуваат на 14 септември, а една недела подоцна ќе почне и испораката.
Дури и најевтиниот од трите iPhone XR е еден од најскапите телефони на Apple – почетната цена е 749 долари, што е речиси исто колку и iPhone 8 Plus. iPhone XS ќе почне да се продава на 19 октомври, а испораката ќе почне една недела потоа.