Може ли луѓето да инспирираат билборд и да го натераат да импровизира џез?
Ова прашање ја водеше креативната агенција Публицис Словенија во креирањето на овогодинешниот визуелен идентитет за Jazz Camp Kranjфестивалот.
Овој локален џез-фестивал кој привлекува љубители на џезот веќе 15 години, оваа година привлекува уште поголемо внимание поради свеж пристап кон надворешното рекламирање. Овогодинешниот визуелен идентитет се темели на импровизација и инспирација – исто како и самиот џез.
После неколкудневни подготовки и тестирања, билбордот со помош на ветрот и на минувачите, почна да ‘импровизира’ во центарот на Љубљана. Долниот дел, исечен во облик на типки од клавир, му овозможува на ветрот да импровизира со типките, исто како што тоа го прават музичарите. Во зависност од силата, насоката и времетраењето, ветрот “свири” на клавијатурата, секогаш во различен ритам. Или, како што рече Мајлс Дејвис, “Импровизацијата е инспирација во живо“.
Елементите на кампањата вклучуваат билборди, сити-лајт реклами, принт, социјални медиуми и други фестивалски материјали (маички, купони, флаери, …).
(Marketing365.mk)