Милијардерот Ричард Бренсон ќе полета во вселената до крајот на годинава?

- Advertisement -

Британскиот претприемач и милијардер Ричард Бренсон веќе 15 години инвестира милиони фунти во развојот на летало кое би можело да врши комерцијални летови во вселената. Во неколку наврати истакна дека негова желба е да добие прилика и сам да полета во вселената.

Се чини дека се ближи остварувањето на тој негов сон. Во интервју за Bloomberg откри дека се многу блиску до лансирање на првиот комерцијален лет во вселената, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Се надевам дека до крајот на годината ќе седнам во вселенското летало Virgin Galactic на пат до космосот“ изјави Бренсон.

Но, тој нема да биде сам на патувањето. Повеќе од 800 луѓе од целиот свет веќе уплатиле билети за лет, а цената не беше баш ниска – Бренсон бараше по 250.000 долари по човек за летот кој ќе трае вкупно три часа. Тој призна дека во светот има многу луѓе кои би сакале да појдат во вселената, но има исто толкав број кои сметаат дека тоа е лудост.

- Advertisement -

Иако и сам е познат по многу ризични потфати, Бренсон овој пат тестирањето на самиот лет го препушти на астронаутите и тест-пилотите.

Сподели!
- Advertisement -