Домашната компанија „Индустри сервис“ денеска стартуваше инвестиција вредна 1,5 милиони евра во скопската населба Маџари за индустриски кетеринг. Сопственикот на компанијата, Драган Смилковски рече дека во моментов компанијата вработува преку 150 лица, а во новиот објект се планираат до 100 нови работни места. Компанијата соработува со големи индустриски капацитети при штo со новиот капацитет производството ќе се удвои.
„Локацијата на која ќе се гради објектот е на парцелата од 2.650 м2, додека вкупната градежна развиена површина изнесува 1.800 м2. Новиот проект ќе има капацитет за подготовка и служење на 9.000 оброци на дневна основа, односно преку 2.000.000 оброци годишно. Овој објект за подготовка на храна ќе претставува најголем и најсовремен угостителски капацитет од овој тип во Република Македонија“, кажа Смилковски.
Овој објект за подготовка на храна ќе претставува најголем и најсовремен угостителски капацитет од овој тип на цела територија на Македонија. Целна група ќе бидат домашните и странските компании во земјава со над 300 вработени, нагласи градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски.
„Општина Гази Баба и во иднина ќе ги поддржува сите инвеститори кои ќе сакаат да вложат на наша територија, а со тоа директно да влијаат на развивање на општината и што е особено важно, на намалување на невработеноста во Гази Баба. Отворени сме за сите странски и домашни компании, општина Гази Баба ќе им секогаш биде лојален партнер“,потенцираше Георгиевски.