Дизајнерите стануваат клучни кадри во секоја компанија

- Advertisement -

60 студенти Дизајн Академијата на ‘’Seavus’’  едукација  во соработка со ‘’Djolev and Arts’’  за девет месеци направија над 300 дизајн решенија 

Изминатава деценија дизајн секторот во Република Македонија доживува сопствено навестување на иднината на новите генерации на работни позиции. Микро, мал, среден или голем бизнис, веќе во својата HR структура сè повеќе ги вбројуваат лицата од изминатите генерации на студенти од формално или неформално образование за дизајн.

Ова само ни кажува дека развојот и иднината на оние кои работат и заработуваат од дизајн се вбројува во десетте најбарани профили на кадар кој допрва својот работен потенцијал ќе го пласираат на пазарот на трудот во Македонија. Позитивните пракси од најреномираните македонски компании, маркетинг агенции, медиуми, само го потврдуваат зацврстувањето на отворениот пазар на труд.

- Advertisement -

Статистичките податоци велат дека повеќе од 40% од судентите кои ги посетуваат академиите за дизајн, се одлучиле да направат сопствена преквалификација токму поради актуелноста на самите професии, професии кои во принцип ја будат креативноста, тотално растеретувачки делуваат во контекст на мотивација и даваат додадена вредност на секој оној кој минимум поседува желба, а не талент.

- Advertisement -

Комплетните процеси, во принцип се долготрајни, општо кажано во зависност од типот на дизајн. Од бриф, до нацрт идеја, прототип или пак готов производ, обзервирани се 60 студенти од Дизајн Академијата на ‘’Seavus’’  едукација  во соработка со ‘’Djolev and Arts’’ ,во период од девет месеци каде студентите потпирајќи се на знаењата, експертизата на своите предавачи создаваат готови решенија од областа на графичкиот дизајн, веб дизајн, 3д игри, визуелни уметности и моден дизајн. Готовите решенија ќе бидат изложени на 20-ти септември во Јавна Соба на тема ‘’Awakening’’ или Будење. Под името будење се подразбира будење на една нова генерација на дизајнери

 

Сподели!
- Advertisement -