Starbucks ќе направи 10.000 „зелени“ кафетерии до 2025 година

- Advertisement -

Од елиминирање на пластичните сламки за еднократна употреба во целиот свет до 2020 година до склучување партнерство со McDonald’s за создавање разградливи пластични чаши – синџирот кафетерии Starbucks изминатата година прави напори да стане поеколошка компанија, пишува GreenMatters.

Во последната мисија Starbucks минатата недела најави дека ќе ги зголеми своите напори да ја направи компанијата подобра за планетата – планира да претвори 10.000 од своите вкупно 28.000 кафетерии во „позелени“ верзии до 2025 година. Овој потег значи претворање на некои постојни локации во поодржливи или отворање нови.

- Advertisement -

Денес има повеќе од 1.500 LEED сертифицирани кафетерии на Starbucks а глобално ниво, а сега компанијата ќе го зголемува тој број и ќе ги споделува материјалите кои ги користи за и други трговци да го следат нивниот пример. Рамката наречена The Greener Stores Framework наведува шест стандарди кои мора да ги исполнуваат „зелените продавници“ – од менаџирање со отпадот до модерен дизајн.

Оваа рамка е следниот чекор на Starbucks во поставување нови зелени стандарди, анализирање на улогата на продавниците во иднината на здравјето на нашите природни ресурси. Кога компаниите ќе покажат вакво лидерство, другите бизниси честопати ги следат со свои заложби и позитивно влијание.

- Advertisement -

Освен тоа, новите стандарди ќе му помогнат на Starbucks да заштеди ресурси. Компанијата очекува дека како резултат на овој план, во текот на идната деценија ќе заштеди повеќе од 50 милиони долари. Се проценува дека со оваа мерка ќе се заштедат 50 милиони долари вредни оброци и ќе се намали потрошувачката на вода за 30%.

Сподели!
- Advertisement -