(ГАЛЕРИЈА) Загрепчани први во Европа го видоа Tesla Model 3, еден од најиновативните автомобили во светот

- Advertisement -

Во рамки на проектот „Татковината на Никола Тесла“ („Domovina Nikole Tesle”) во Загреб на Цветниот плоштад беше претставен најновиот модел на електричен автомобил на Илон Маск, Tesla 3. Ова е прво претставување на возилото по официјалната презентација во САД и прво претставува во Европа.

Станува збор за возило кое веќе при првото претставување пролетта минатата година предизвика голем интерес и ја симболизира транзицијата до пристапен електричен автомобил со голем досег и најнапредна технологија од иднината, пишува Zimo.

- Advertisement -

Така, Загреб стана првиот европски град кој на своите жители и го претстави Tesla Мodel 3, а одблиску можеше да се погледнат и Tesla Мodel S и Tesla Мodel X, кои исто така се примери за најсовремена технологија во светот.

Сподели!
- Advertisement -