Овие иновативни тули го чистат загадувањето од воздухот

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот е голем проблем во многу градови, а како резултат на тоа постојано се бараат решенија за проблемот. Изминатите години дизајнерите почнаа не само да се фокусираат на градење градби кои не загадуваат, туку почнаа да користат техники кои ги отстрануваат загадувачите од воздухот преку системи како што се фотокаталитичната фасада на Nemesi, која го лови загадувањето и реагира во присуство на светлина.

- Advertisement -

Сепак, во најголем број случаи новите технологии се хемиски и влијаат на воздухот кој физички доаѓа во контакт со нив. Но, што ако зградите може да имаат поактивна улога во отстранувањето на загадувачите од небото и да функционираат како џиновски правосмукалки? Токму тоа е инспирацијата за тулите Breathe Brick кои ги направи Кармен Трудел, асистент професор на Школата за архитектура Сан Луис Обиспо, пишува Arch Daily.

Breathe Brick се дизајнирани да бидат дел од регуларниот вентилациски систем на зградите, со двојна фасада  – на надворешниот дел се тулите, а внатрешниот слој е изолација. Главната функција на Breathe Bricks е циклонско филтрирање, идеја преземена од модерните правосмукалки, при што големите честички од загадувачите во воздухот се издвојуваат и тие паѓаат во посебен дел на дното на ѕидот.

- Advertisement -

Системот е составен од два клучни делови: бетонски тули и рециклиран пластичен дел, кој помага да се наредат тулите и да се создаде пат од надворешниот дел до шупливиот центар на тулите. Бетонските тули имаат испрекршена површина за полесно рефлектирање на воздухот во системот и посебна шуплина за поставување челична структура.

- Advertisement -

Breathe Brick може да функционира и како механички и како пасивен вентилациски систем. Тестирањата покажаа дека системот филтрира 30% од ситните честички и 100% од покрупните честички како што е прашината. Бидејќи целиот систем е релативно евтин, Breathe Brick е одлична опција за намалување на загадувањето во земјите во развој.

Сподели!
- Advertisement -