Apple ја купи апликацијата за препознавање песни Shazam

- Advertisement -

Apple конечно ја комплетираше аквизицијата на апликацијата за препознавање песни Shazam. Апликацијата базирана во Лондон им овозможува на корисниците да го приближат паметниот телефон до изворот од каде што допира музика и да им каже за која песна станува збор. Apple  не кажа детали за аквизицијата, но претходно се појавија информации според кои технолошкиот гигант платил 400 милиони долари за Shazam, што е многу помалку од проценетата вредност на Shazam од една милијарда долари.

Од Apple денес изјавија дека ја комплетирале аквизицијата на Shazam, апликација која ја користат стотици милиони луѓе во светот. „Apple и Shazam имаат долга заедничка историја. Shazam беше една од првите апликации кои беа достапни по лансирањето на App Store и стана омилена апликација за фановите на музиката од целиот свет“.

- Advertisement -

„Споделувајќи ја љубовта кон музиката и иновацијата, со задоволство ви најавуваме дека ќе ги споиме нашите тимови за на корисниците да им понудиме уште покреативни начини за откривање, искусување и уживање во музиката“  велат од  Apple.

Наскоро корисниците на апликацијата ќе можат да уживаат во најдобрата верзија досега – без реклами, пишува DailyMail. Shazam досега е симната повеќе од 1 милијарда пати и корисниците идентификуваат песни со помош на апликацијата повеќе од 20 милиони пати дневно.

- Advertisement -

Од Apple пред извесно време изјавија дека Shazam би била само логично дополнување на услугата Apple Music и ќе им помогне на нивните корисници да откријат нови песни. Апликацијата веќе е интегрирана во дигиталниот асистент на Apple, Siri. Тоа значи дека корисниците на iPhone можат едноставно да ја прашаат Siri која песна ја слушаат и апликацијата ќе ја идентификува.

Сподели!
- Advertisement -