Американската комисија за хартии од вредност го обвини Илон Маск за измама

- Advertisement -

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) го обвини Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, за измама

Тој е обвинет за серија лажни и збунувачки твитови за потенцијална трансформација на „Тесла“ во приватна компанија и повлекување на нејзините акции од берзата. По овие информации, акциите на „Тесла“ паднаа за 5,7%.

Како резултат на ова обвинение, Маск нема да може да управува со компании кои котираат на берзата, ниту пак „Тесла“, пренесува Interesting engenering.

- Advertisement -

На 7. август извршниот директор на „Тесла“ на својот твитер профил објави дека размислува да ги повлече сите акции на „Тесла“ од берзата, со цел да ја скрие компанијата од очите на Вол Стрит.

Тој претстави план за откуп на акциите по цена од 420 долари по акција, тврдејќи дека финансирањето е осигурано. Неколку дена подоцна, Маск рече дека за финансирање разговарал со саудиски фонд, кој наводно потоа му го свртел грбот и одлучил да инвестира во конкурентската компанија „Луцид моторс“.

- Advertisement -

Маск, сопственик на една петтина од акциите во компанијата, претходно се жалеше на негативната пропаганда на трговците кои шпекулираат со пад на цените на акциите. Поради неговите изјави, цената на акциите на „Тесла“ скокна за 11 отсто па потоа повторно падна, а незадоволните инвеститори одлучија да поднесат обвинение, пренесува SEEbiz.

Американските компании можат да објавуваат вакви планови преку социјалните медиуми, но, исто така, вообичаено е за нив да ги известат и регулаторите и акционерите.

- Advertisement -

(Макфакс)

Сподели!
- Advertisement -