„Еднорог“ е термин кој се користи за технолошки стартап во приватна сопственост кој вреди повеќе од 1 милијарда долари. Тие се моќни компании кои предизвикуваат промени каде и да се појават. Силиконската Долина во Калифорнија е доминантна лулка за стартапите вредни милијарди, но Кина не е многу далеку зад неа.
Според истражувањето на CB Insights, годинава вкупно 46 глобални технолошки компании го достигнале статусот „еднорог“. Од нив 17 се од Кина, а 19 се од САД, пренесува Светскиот економски форум.
Ова е драматичен раст ако се знае дека во 2014 година Кина имала само 8 „еднорози“, а сега има дури 56 такви компании. Четири од тие еднорози се меѓу топ 10 најголеми „еднорози“ во светот. Другите делови од светот значително заостануваат во поглед на бројот на такви компании. На пример, во цела Европа има само 7 „еднорози“, а Индија, Индонезија и Африка имаат само по една таква компанија.
Еве кои се топ 10 најголеми „еднорози“ во светот и колку вредат.