Генијална кампања на McDonald’s во Шведска со која ја подига свеста за дислексијата

- Advertisement -

Дислексијата е едно од најчестите пореметувања во учењето во светот и влијае на речиси 20% од светската популација. Но, оние кои не се соочуваат со тој проблем не знаат колку тешкотии може да предизвика во секојдневниот живот.

За да се одбележи Светскиот ден на свеста за дислексијата, McDonald’s во Шведска заедно со агенцијата Nord DDB направи реклами и менија со букви кои се изобличени и нелогично наредени со цел да предизвика емпатија кај другите луѓе во однос на ова пореметување. Многумина забележаа дека тоа е само дел од една многу поголема кампања за подигнување на свеста, која влучува и бесплатен леток во секој Happy Meal за момче што се бори со дислексија.

Кристофер Ронблад, директор на маркетинг во McDonald’s во Шведска, изјави: „McDonald’s е доволно битен за да може да направи некоја разлика и добро е што тоа може да го искористи и на општеството да му укаже на овој за многумина невидлив проблем, кој го имаат многу луѓе во светот“.

Сподели!
- Advertisement -