Mobile Couture – прва модна колекција во светот креирана преку смартфон

- Advertisement -

Наградуваната модна дизајнерка Аурели Фонтан од Франција го користеше новиот Samsung Galaxy Note9 за да креира модна колекција

 

Аурели Фонтан (Aurélie Fontan), Француска модна дизајнерка, ја дизајнираше и креираше првата модна колекција направена со користење на смартфон – единствена од ваков тип досега. Во партнерство со Самсунг, Аурели го користеше новиот Галакси Ноут9 (Galaxy Note9) во седумте клучни чекори при дизајнот и продукцијата за да ја креира „Mobile Couture“ колекцијата.

- Advertisement -

За да се создаде невообичаената колекција, смартфонот Ноут9 беше користен за скицирање, за бежична комуникација со нови алатки за производство, за печатење на 3Д прицврстувачи за облека и дезенирање на ткаенина од далечина.

- Advertisement -

Ултра моќното „С Пенкало“ (S Pen) на Ноут9 ѝ овозможи на Аурели прецизност и контрола при скицирањето, додека моќните можности за процесирање и просторот за зачувување податоци и овозможија директно да се поврзе за неверојатни технолошки алатки за да биде побрза, да адаптира и менува, како и да биде иновативна во рамки на развојната фаза, како и при финалната продукција – се преку уред кој го собира во нејзиниот џеб. На пример, Ноут9 го забрзува процесот на креирање на прототип за околу 40%, односно, прототипот на колекцијата беше креиран за само 8 дена, наместо вообичаениот период од 14 дена.

- Advertisement -

Работејќи со Ноут9, Аурели можеше да запишува белешки, да пристапи кон нејзините дигитални скици, да ги адаптира и да креира нови, без разлика на локацијата, секогаш кога беше инспирирана. Целиот процес на прототипирање и развој беше забрзан со помош на едноставно синхронизирање на апликациите со добавувачите, поврзување со нив и развивање на дизајните, каде и да се наоѓаше Аурели. По завршувањето на дизајните и прототипите, со едноставно поврзување на моќниот Ноут9 со 3Д печатачот и користење соодветна апликација, наместо користење на компјутер, модната дизајнерка го следеше целиот процес на 3Д печатење во реално време, а доколку беше потребно, правеше измени и адаптации за време на самото печатење. Процесот на цртање на дезенот на ткаенините се одвиваше со користење на Ноут9 – комплексниот дезен беше безжично испратен до напреден, роботизиран уред за дигитално цртање кој го трансверираше на ткаенината. Откако модните парчиња беа готови, Аурели ја креираше нејзината дигитална книга со фотографии од колекцијата, користејќи го „С Пенкалото“ со Блутут конекција, без да го допира телефонот. На овој начин, нејзините раце беа слободни за да може да прави финални адаптации и да креира совршени, контролирани кадри.

Ноут9 уредот е дизајниран за максимална моќност, перформанси и продуктивност за дизајнери кои се во потрага по телефон кој им овозможува да работат и да се забавуваат во текот на целиот ден. Со целодневна издржливост на батеријата, меморија до 512 гигабајти која за прв пат во светот може да се прошири до 1 терабајт (повеќе од повеќето лаптопи), врвен 10nm процесор, поддршка за најбрза достапна мрежна брзина и новото, неверојатно блутут „С Пенкало“, границите на можностите на телефонот беа тестирани во производство на три фустани и еден мантил.

Ставајќи го на прво место креирањето на прогресивен дизајн, модните парчиња од колекцијата „Mobile Couture“ нудат алтернатива на брзиот моден систем и ја максимизираат моќта и потенцијалот на мобилната и дигиталната технологија. Конечната облека беше направена од мешавина од рециклирачка кожа и биоразградливи 3Д пластични прицврстувачи на облека, со завршување на целокупниот процес – од дизајн до готово модно парче – за само 6 недели.

Аурели Фонтен го сподели искуството кое го имала со користење на Ноут9: „За некој чија креативност е управувана од потенцијалот на технологијата и науката, за мене беше навистина интересно да осознаам дека постои паметен телефон кој всушност има способности за контролирање и управување на целиот производствен процес на една колекција. Моите идеи се амбициозни и имаат за цел да ги предизвикаат традиционалните процеси, па затоа, како млад дизајнер, беше навистина ослободувачки да можам да ја видам реализацијата преку користење на уред кој секогаш го имам во рака”.

Кога ги видовме делата на Аурели, знаевме дека таа е олицетворение на нашите Ноут корисници. Причината за нивната неверојатна лојалност се базира на тоа што уредот е дизајниран за ниво на перформанси и моќност кое им е навистина потребно на сите оние кои се континуирано во движење. Оваа колекција е комплетно дизајнирана со помош на еден уред и на неа гледаме како на златен стандард за прикажување на тоа што Самсунг паметните телефони навистина може да постигнат кога се наоѓаат во раце на луѓе со амбиција и креативност” изјави Сузан Смит (Suzanne Smith), Сениор маркетинг директор, Самсунг Електроникс Европа.

Сподели!
- Advertisement -