Беспрекорната услуга за клиентите е клучна за успехот на Неотел!

- Advertisement -

Неотел е 100% домашна компанија која успешно работи на домашниот телекомуникациски пазар веќе 14 години. Низ годините компанијата постојано работи и инвестира во развивање на својата мрежа за да понуди беспрекорни услуги на своите корисници.

За најновите услуги на Неотел разговаравме со Соња Илијеска, директор за бизнис продажба во Неотел.

Разговараше- Верица Јорданова

Која е компаративната предност на Неотел?

Нашите услуги се одликуваат со висока достапност поради широко развиената мрежа која ја имаме. Притоа поддршката која им ја даваме на клиентите е многу брза што за нашите бизнис клиенти е многу важен момент- да добијат брза поддршка и ефикасно техничко решение. Нашата компаративна предност е тоа што правиме решенија кои се целосно адаптирани на потребите на клиентите што надополнето со флексибилност и брза инсталација дефинитивно не разликуваат од конкуренцијата.

- Advertisement -

Компанијата уште пред 14 години започна да работи со фокус на бизнис корисниците. Внимателно разгледувајќи ги нивните барања изработувавме технички решенија за нивните потреби, кои беа едноставни, но во исто време квалитетни, напредни и се вклопуваа во нивниот буџет. Таквиот персонализиран пристап кон клиентите го задржавме до денес.

Кои се корисници на услугите на Неотел?

- Advertisement -

Кога започнавме со работа, на клиентите им нудевме многу поголеми брзини на Интернет, а уште кога понудата на пазарот беше доминантно dial-up интернет, ние почнавме да градиме оптичка мрежа. Неколку години подоцна ја добивме лиценцата за Вајмакс безжична технологија, која работеше на закупена фреквенција и почнавме да ја градиме безжичната мрежа со која всушност го покривавме сегментот на микро и мали компании кои во тоа време не можевме да ги покриеме со оптичка мрежа, која во главно е концентрирана во градовите.

Последнава година, Вајмакс мрежата ја заменивме со ЛТЕ 4G технологија, со цел да се доближиме до трендот, уште поголеми брзини и уште поголема достапност.

- Advertisement -

Наши големи корисници се многу државни институции, кои со години ги опслужуваме со квалитетен интернет пристап, фиксна телефонија, дата сервиси и поврзувања.

Исто така банките и финансиските институции воопшто, се корисници на услугите на Неотел, најчесто за поврзувања на  дирекцијата со филијалите. За нив е особено важно што им обезбедуваме стабилни и сигурни национални и меѓународни врски.

Меѓународните врски ги бараат и многу други институции затоа што станува збор за поврзувања и пренос на податоци кои нема да одат преку Интернет, што овозможува максимална безбедност на истите. Ваков тип на врски обезбедуваме за сите компании кои имаат потреба од тоа и до која било земја во светот, преку оптика. На оваа наша понуда посветуваме многу големо внимание , со тоа што ги бираме вистинските партнери во другите земји со кои заеднички можеме да понудиме беспрекорна услуга.

За микро, мали и средни компании имаме разработено решенија за Интернет услуги, фиксна телефонија, ВПН поврзување и телевизија со многу поволни и конкурентни цени на пазарот, како што е Интернет преку оптика со големи брзини во метро средини (градови) и безжична ЛТЕ мрежа за градовите и руралните подрачја со 98 проценти достапност во Републиката.

За средни и големи компании, покрај Интернет услугите и фиксна телефонија, имаме и решение за поврзување преку локални, национални и интернационални линии. Ова се однесува најмногу  за банки, финансиски институции, странски претставништва, јавни инситуции и приоритетни институции од интерес на државата (војска, полиција и сл.) кои имаат потреба од размена на големи бази на податоци помеѓу своите претставништва преку безбедна врска, која е заштитена и не излегува преку јавната интернет мрежа. Ваквите услуги често се испорачуваат и во другите држави, каде клиентот има свои претставништва или пак соработка со други институции. За да го обезбедиме тоа ние имаме соработка со многубројни познати телеком оператори, со кои имаме потпишано договор за користење на сервисите преку нивната мрежа, до саканата локација на клиентот. Овој тип на продажба го нарекуваме Интернационална Големопродажба e, и имаме реализирано безброј услуги со нашите партнери од Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Словенија, Хрватска,Црна Гора, Босна, Австрија, Унгарија, Романија, Италија, Германија, Велика Британија, Америка и други.

За сите странски оператори во овој бизнис, Неотел е компанијата која би ја избрале на прво место за обезбедување на нивните услуги во Македонија или преку Македонија да стигнат до другите соседни држави.

Поради зајакнување на партнерските односи со интернационалните оператори и обезбедување на врска со сите оператори, Неотел стратешки обезбеди свои точки на физичко присуство со своја опрема во Бугарија, Косово, Албанија, Австрија и Грманија, во најголемите и најпознатите дата центри.

Поради тоа, Неотел е најчест избор за бизнис заедницата, на другите ИСП и кабелски оператори, кои го земаат Интернетот од Неотел на големопродажба, услуга која ја нарекуваме “ИП Транзит”, со која може да се пофалиме, успешно ја обезбедуваме на голем број оператори, Интернет провајдери, Кабелски операториво земјата, во Албанија и Косово.


Каква е побарувачката и како таа се менува со тек на време?

Обемот на работа постојано расте и се менуваат побарувањата. На почетокот се бараа и помали брзини и помал капацитет за проток на информации, но тоа со тек на време се менуваше. За среќа имаме многу стручен, подготвен и мобилен тим кој што секогаш професионално одговара на потребите и барањата на клиентите. Токму тоа е клучот на нашето успешно опстојување на пазарот сите овие години. Во денешно време работите драстично се променети затоа што побарувањата од клиентите многу почесто се менуваат, при што квалитетот мора да биде беспрекорен, а цените паѓаат, така да последен избор на корисникот е најниска цена.

Во овој дел би сакала да нагласам дека е неопходно да се изменат и тендерските правила. Кога одредена институција прaви набавка на комуникациски услуги, неопходно е исто така да дава предност на квалитетот, а не само цената да биде клучен критериум за избор.

Но, ниедна компанија не може да пофали со квалитетна услуга без квалитетен тим!

Покрај изградбата на својата мрежа и портфолио на услуги, непроценлива вредност на нашата компанија се нашите вработени, кои се директно најзаслужни за успехот на компанијата.

Во нашата компанија, гордо може да се пофалиме дека вработените се исклучителни професионалци, секој во својата област, а заеднички сме тим кој се надополнува со знаење, работи тимски и без оглед на организационата поставеност, сите работиме, се консултираме, даваме идеи, решаваме проблеми, наоѓаме начини….

Односот со клиентите го изградивме токму преку нашите продажни и технички тимови, полни со ентузијазам и напредни идеи, со беспрекорен однос со клиентите, секогаш достапни за консултација, брзи одговори, брзи инсталации и техничка поддршка 24 часа, 7 дена неделно.

„Умира“ ли фиксната телефонија?

Побарувачата е помала, но се уште фиксната телефонија е must за бизнис корисниците и институциите. Но, би сакала и овде да го нагласам нашиот иновативен приод кој што го имавме кога се пробивавме и во овој сегмент. Неотел прв на пазарот на фиксна телефонија, во 2007 година воведе пакети без претплата и тарифирање по секунда. Услугата ја проширивме со ИП Центрекс и СИП транк решенија, кои беа многу добро прифатени од нашите клиенти. Услугите подразбираат решенија за фиксна телефонија, каде клиентот изнајмува “виртуелна централа” од Неотел, не инвестира во телефонски централи во своите канцеларии, не плаќа одржување и заштедува трошоци. Изнајмува потребен број на локали од Неотел и плаќа поволна претплата за истите, го намалува и зголемува бројот на локалите, според потребите.

Кои се новите услуги кои планирате да ги понудите на пазарот?

Постојано патуваме, посетуваме конференции за иновации во телеком услуги за да бидеме во тек со светските трендови.

Новина е што заедно со Неоком, нашата мајка-компанија направивме голем дата центар, Тоа е новина која се бараше на пазарот. Покрај тоа што пред три години понудивме cloud решенија, дата центар услугата беше логичен чекор во нашиот заеднички развој. Во овој сегмент гледаме голем потенцијал. Нашите клиенти кои имаат сервери или друга опрема како и потреба од голема количина на Интернет имаа потреба од центар од каде ќе се менаџираат сите тие услуги. Овде секој може да си постави своја опрема или да изнајми виртуелен сервис на нашата опрема за да обезбеди беспрекорно функционирање на своите услуги. Може да се пофалиме дека за неполна година дата центарот е веќе полн.

НеоТВ е исто така нова понуда во последниве две години. Тоа не е обична телевизија, туку е ОТТ ТВ (Over the top) која се обезбедува преку Интернет. Техничкото решение и развојот се целосно наш продукт базиран на андроид платформа која е интерактивна. Уредот е отклучен и може да се инсталираат најразлични апликации, игри и сл. Со нашиот ТВ-уред, со приклучување на тастатура и глувче, телевизорот станува компјутер. NeoTV апликацијата е достапна на Андроид и iOS, која секој може да ја симне на мобилен телефон или таблет и да гледа 1 месец бесплатно одредени канали.

Портфолио на услуги за бизнис корисници:

  • Интернет пристап преку оптика и безжична ЛТЕ мрежа
  • ВПН (Virtual Private Network) поврзување на повеќе локации во виртуелна мрежа
  • L2 Изнајмени линии и ТДМ изнајмени линии
  • Дата Центар сервиси (Колокација, Хостирање и сл)
  • Телевизија
  • Фиксна Телефонија

Услугите се наменети за сите микро, мали, средни и големи компании во државата од јавниот и приватниот сектор.

 

Сподели!
- Advertisement -