Премногу спиење е исто толку лошо за вашиот мозок колку и недоволно сон

- Advertisement -

Првите резултати од најголемото истражување на спиењето во светот се објавени и заклучокот е дека 7-8 часа се доволно и идеални за оптимални когнитивни перформанси. Истражувањетп покажа дека премногу спиење може да е причина за слични когнитивни шроблеми како и недоволниот сон, пишуваа New Atlas.

Спиењето е битно и витално за ефективно функционирање на мозокот. Тоа го докажаа многу сеопфатни студии низ годините, но сепак, не е точно јасно како неправилното спиење влијае врз различните когнитивни домени и како тие ефекти се врзуваат со должината на сонот. Ова ново истражување нуди подлабинско разбирање на овие прашања.

- Advertisement -

„Навистина сакаме да ги анализираме навиките на спиење на луѓето од целиот свет. Секако дека има многу други студии на спиењето, но ние саавме да видиме како тоа изгледа во реалниот свет“ велат истражувачите.

Во 2017 година еден онлајн портал почна да им поставува на посетителите демографски прашалник, со прашања од типот колку време спијат ноќе, како и 12 тестови за проверка на когнитивните перформанси. Истражувачите потоа ги собраа податоците од над 10.000 посетители. Половина од нив генерално спиеле 6,3 часа дневно, што е помалку од препорачаниот здрав сон за оптимално функционирање.

- Advertisement -

„Откривме дека оптимумот за најдобро функционирање на мозокот е 7-8 часа дневно. Исто така, откривме дека луѓето кои спијат подолго од тоа имаат исти проблеми со нормалното функционирање како и тие што спијат недоволно“ велат истражувачите.

Тие открија дефицити кај разумното размислување и вербалните способности кои се врзани со должината на сонот и покажуваат дека повеќе од 8 часа сон е исто толку штетно колку и помалку од 8 часа. Можеби најинтересното откритие е сека должината на сонот не влијае на сите когнитивни перформанси. Додека разумното мислење и вербалните способности се најзасегнати од должината на сонот, краткотрајната меморија речиси нема негативни ефекти од краткото спиење од друи четири часа.

- Advertisement -

Посложените когнитивни процеси како што се решавањето проблеми имаат потреба од доволно, но не премногу сон. Она што не им е јасно на истражувачите е зошто долгото спиење има исто лоши ефекти врз мозокот како и недоволниот сон. Долгото спиење се врзува со депресија или други здравствени проблеми, но нејасно е која е корелацијата на тие фактори со намалените когнитивни перформанси.

Сподели!
- Advertisement -