Уште еден доказ дека Дубаи е најпаметен град во светот – градот доби автономни такси возила

- Advertisement -

Познато е колку Дубаи инвестира во технологија и дека експриментираат со бројни нови и напредни технологии. Само последната година претставија роботи кои ќе патролираат по улиците, летачкит акси, односно автономни дронови кои работат на принцип сличен на Uber, дигитални регистарски таблички, еден од моделите на Hyperloop итн.

Уште еден новитет кој официјално го соопштија на јавноста, а придонесува за епитетот најпаметен град во светот, е автономниот такси сервис кој вчера започна со работа и тестирањето ќе трае во текот на наредните три месеци во одредени делови од градот.

- Advertisement -

Сепак, не треба да се очекува услуга како Waymo, кој во САД има дозвола з целосно автономнов озење, туку станува збор за сервис кој ќе ги пренесува патниците на пократки релации, на пример, од станица до теговски центри, кина итн.

Максималната брзина со која ќе се движат е околу 30 км/ч. Со такси возилата целосно ќе управуваат компјутери, но на предното седиште ќе има човек кој ако нешто се случи, ќе ја исправи грешката. Таксите можат се да направат и без човечка помош и ако тестирањето биде успешно, ова ќе биде првиот чекор кон автономни такси во Дубаи.

- Advertisement -

Флотата автономни такси возила е составена од преработени модели на Mercedes кои се опремени со камери, сензори и LIDAR системи.

Сподели!
- Advertisement -