Uber наскоро излегува на берза – вредноста би можела да достигне 120 милијарди долари

- Advertisement -

Uber наскоро треба да се најде на берза, а банките сметаат дека пазарната вредност на оваа компанија при отворање на ИПО може да достигне дури 120 милијарди долари. За излегувањето на Uber на берза се зборува со години и се чини дека компанијата конечно е подготвне за идната година да го очекуваме првото ИПО. Излегувањето на берза по средувањето на нередот кој го остави поранешниот шеф на компанијата Тревис Каланик е една од најважните задачи а неговиот наследник, Дер Косровсахи, кој одлично се снајде во ситуацијата.

Според последните извештаи на медиумите, вредноста која би ја имал Uber при излегувањето на берза може да достигне дури 120 милијарди долари. Наводно, на толку го процениле американските банкарски гиганти Goldman Sachs и Morgan Stanley. Ова е неверојатна бројка за еден стартап и ако се покаже точна, односно ако пазарната вредност на Uber на самиот почеток е 120 милијарди долари, тоа ќе значи дека неговата вредност е поголема од Ford, General Motors и Fiat Chrysler заедно.

- Advertisement -

На почетокот на август проценетата вредност на Uber беше нешто повеќе од 60 милијарди долари, но потоа Toyota инвестираше 500 милиони долари во компанијата, а само два месеци подоцна веќе зборуваме за двојно поголема сума. Ќе биде интересно да се следи ситуацијата на пазарот и понатамошните предвидувања на банките и на аналитичарите за вредноста на ИПО-то на Uber, а иако уште нема официјална потврда за точното време кога ќе се најде на берза, веројатно тоа ќе биде во втората половина од 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -