Новите модели на Apple ќе се промовираат на 30 октомври во Њујорк

- Advertisement -

Следниот медиумски настан на Apple ќе биде на 30-ти октомври. Компанијата започна да шири покани за средбата на 30 октомври во Њујорк, која ќе биде посветена на другите производи од портфолиото на Американците, за кои не стана збор при премиерата на iPhone. Поканите се со различен дизајн и вклучуваат натпис „There’s more in the making“, што насочува кон можностите за креативна употреба на уредите.

На 30 октомври очекуваме да ги видиме новите модели iPad со намалени рамки околу екранот и без сензор за отпечатоци, но со технологија Face ID за 3D препознавање на лицето. Се вели дека уредите ќе продолжат да користат LCD дисплеи наместо OLED поради високата цена на компонентите, а освен тоа се претпоставува дека ќе имаат USB-C порта наместо Lightning. Не е исклучено компанијата да го отстрани стандардниот приклучок за слушалки.

- Advertisement -

Меѓу другите очекувани производи се нови модели MacBook (вклучувајќи наследник на MacBook Air) и Mac mini, а освен тоа може да дознаеме повеќе за модуларниот компјутер Mac Pro. Најверојатно ќе има софтверски вести околу iOS и WatchOS. Настанот е од 15 часот по македонско време и ќе може да се проследи на интернет, а речиси во исто време ќе биде и премиерата на OnePlus 6T.

Сподели!
- Advertisement -