Ова се најдобрите извршни директори за 2018 година

- Advertisement -

Иако компаниите ги дефинира работата на вработените, на сите им треба лидер и лице кое ќе ја направи корпоративната стратегија, а каков лидер ќе биде таа личност зависи од многу критериуми. Како што пренесува Business Insider, списанието Harvard Business Review направи листа со најдобрите извршни директори во светот за 2018 година.

Рангирањето е направено со оценување на клучните финансиски варијабли, но и на животнаа средина, општествената ситуација и лидерството. На листата со најдобри извршни директори во светот доминираат мажите, но годинава и три жени се најдоа меѓу првите на листата.

- Advertisement -

Втора година по ред Пабло Исла, директор на Inditex, модниот гигант кој стои зад брендовите Zara, Massimo Dutti и Pull and Bear го зазема првото место. Исла е извршен директор на Inditeх од 2005 година. Зад него на листата е Јенсен Хуанг, извршен директор на корпорацијата Nvidia. Хуанг е на таа позиција од 1993 година.

Третото место на листата го зазема Бернар Арно, претседател и извршен директор на компанијата LVMH. Тој е на позицијата директор на францускиот бренд од 1989 година. Четвртото место му припаѓа на Франсоа Анри Пино, директор на компанијата за луксузни потрошувачки стоки Kering. Првата петорка ја заокружува Елмар Дегенхарт, директор на компанијата за производство на автомобилски делови Continental. Тој е на позицијата извршен директор од 2009 година.

- Advertisement -

Втората петорка од топ 10 најдобри извршни директори во светот според Harvard Business Review ја сочинуваат: Марк Бениоф, директор на ИТ гигантот Salesforce; Жак Ашенброх од автомобилската компанија Valeo; Јохан Тиџс од банкаркиот гигант KBC; Хисаши Лецугу од компанијата Sysmex за лабораториска опрема и Мартин Биг од француската телекомуникациска компанија Bouygues.

Сподели!
- Advertisement -