Вселенската ракета на Илон Маск за патувања до Марс експлодираше среде тестирање

- Advertisement -

Еден ден пред мисијата на SpaceX за транспорт на двајца астронаути до Меѓународната вселенска станица сo ракетата Falcon 9 од Кејп Канаверал, Флорида, која е прва и историска мисија на компанијата, прототипот на вселенската ракета на Илон Маск за патување до Месечината и Марс, Starship, експлодираше среде тестирање во Бока Чика, Тексас. Ова беше четвртиот прототип на Starship.

Илон Маск го тестираше моторот на ракетата на копно. Неколку минути после она што се сметаше за успешен тест прототипот на Starship наречен Serial Number 4 експлодираше. Овој прототип беше поинаков од Falcon 9 ракетата и вселенскиот брод Crew Dragon, . Овој ракетен систем претходно успешно пренесуваше сателити и товар во вселената, а беше кулминација на години работа и развој.

- Advertisement -

Ракетата беше дизајнирана да биде реупотреблива, односно SpaceX да може да ја лансира и да ја приземји повеќе пати, нешто слично на комерцијален авион. Малиот надворешен изглед на Starship е оптичка илузија поради материјалот кој SpaceX го користеше за изградба – нерѓосувачки челик.

Додека прототипот на Ѕtarship беше последниот кој го направи SpaceX, исто така е единствениот кој ги помина сите најбитни тестирања. Ако се поминеше во ред со тестирањето на Starship, Маск планираше наредните денови да ја тестира со летови на помала висина. Пред два дена Федералната администрација за авијација на SpaceX му даде дозвола за подорбитални мисии со реупотребливо летало од Бока Чика, Тексас.

- Advertisement -

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
- Advertisement -