Возењето во првиот подземен тунел на Илон Маск ќе биде бесплатно

- Advertisement -

Илон Маск пред некој ден на својот профил на Twitter објави дека 10 декември ќе биде денот кога ќе биде отворен неговиот подземен тунел во Лос Анџелес. Станува збор за цела мрежа од тунели која би требало да биде изградена во подземеето на градот за да се намали сообраќајниот метеж, а ја гради неговата компанија Boring Company.

Маск во 2016 година додека беше заглавен во гужва повторно на својот Twitter објави дека ќе основа компанија која ќе го реши проблемот со метежот и ќе ја нарече The Boring Company. За многумина тоа беше шега, но Маск не се шегуваше и во април минатата година Boring Company прикажа видео на кое се гледа како треба да функционираат тунелите.

- Advertisement -

Првиот тунел кој ќе биде отворен во декември се наоѓа во Хотрн, Калифорнија, на земјиште кое барем делумно го поседува Маск. Најинтересниот момент од сево ова е што Маск најави дека поради тестирање, возењето со овој тунел планира да биде бесплатно. Оваа одлука за отворање и бесплатно возење е одличен потег за да ги убеди локалните власти да го поддржат проектот, наместо да се борат против него и да видат од каква корист ќе биде за градови со големина на Лос Анџелес и Чикаго.

Сподели!
- Advertisement -