Facebook развива сопствени очила за проширена реалност

- Advertisement -

Facebook досега многу инвестираше во вирутелната реалност, најмногу преку компанијата Oculuѕ, која произведува очила за виртуелни игри, но најпознатата социјална мрежа во светот потврди дека ќе произведе свои очила за проширена реалност.

„Развиваме хардверски производи. Сакаме да направиме такви очила. Одиме напред и многу истражуваме. Очилата кои сакаме да ги направиме се многу напредни, но многу истражуваме за новите технологии за проширена и виртуелна реалност. Моментално немаме готов производ, но нашите телантирани луѓе работат на тоа“ изјави шефот за виртуелна реалност во Facebook, Фикус Киркпатрик.

- Advertisement -

Facebook веќе подогло време има намера да произведе очила за виртуелна реалност. Директорот на компанијата, Марк Цукерберг, на конференцијата F8 во 2016 година зборуваше за очилата за проширена реалност како за крајна цел на напорите на Facebook во развојот на проширената реалност.

Многу критиќари веќе се огласија и велат дека е чудно што Facebook во време кога се бори со осуди поради кршење на приватноста на корисниците најавува очила за проширена реалност. Како што велат, тие очила уште повеќе ќе задираат во приватноста на корисниците, поради што Цукерберг ќе мора да се потруди да ја врати довербата на корисниците пред да бидат готови тие очила.

Сподели!
- Advertisement -