- Advertisement -
Добро познато е дека производителите на телефони промовираат нови модели секоја година, но тоа не значи дека и потрошувачите автоматски секоја година купуваат нови уреди, од едноставна причина што тоа не им е потребно и немаат доволно пари за таква авантура.
Истражувањето кое го проведе HYLA Mobile покажува дека Американците во просек купуваат нов телефон на секои 2.83 години, што е поретко од 2,39 како што покажа истражувањето во 2016 година.
- Advertisement -
Што се однесува до купувачите на IPhone, тие купуваат нов модел на секои 2,92 години, за разлика од порано кога купувале на секои 2,37 години што покажува дека се менуваат потрошувачките навики и луѓето се поретко можат да го следат темпото на производителите на паметни телефони!
- Advertisement -