На првиот Глобален самит за загадување на воздухот и здравство во Женева, експерти и владини претставници од целиот свет препорачаа решенија за глобалната епидемија на загадување на воздухот
Во извештајот објавен вчера на самитот, Коалицијата на ОН за животна средина, клима и чист воздух предложија 25 ефективни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
Во нивниот извештај, „Загадувањето на воздухот во Азија и Пацификот – Решенија базирани на наука“, тие покажуваат како овие 25 решенија може да го подобрат животот на милиони луѓе низ Азија и Пацификот.
Во продолжение, прочитајте дел од мерките, кои би можеле да се применат во секој град што се соочува со загадувањето на воздухот:
-Воведување на најнови мерки за намалување на емисиите на сулфур диоксид, азотни оксиди и цврсти честички кои се ослободуваат од централите и големите индустрии.
-Воведување на напредни стандарди за емисии во индустриите, како што се железо и челик, фабрики за цемент, производство на стакло, хемиска индустрија итн.
-Зајакнување на сите стандарди за емисии од возилата; посебен фокус на регулирање на лесни и тешки дизел возила.
-Спроведување задолжителни проверки и поправки за возила.
-Намалување на изградба на нови патишта, а со тоа и прашината која би се создала – да се зголемат зелените површини.
-Управување со остатоците од земјоделството, вклучувајќи строга примена на забранa за горење на отворено.
-Исто така, строги забрани за горење на отворено на отпадот од домаќинството.
-Спречување на пожари во шуми и тресет преку подобрени стратегии за шуми, копно и водостопанство и стратегии за спречување на пожари.
-Воведување на покриено складирање и ефикасна примена на ѓубриво; поттикнување на анаеробна дигестија.
-Подобрување на ефикасноста и воведување стандарди за емисија од камени печки.
-Воведување на бои со низок раствор за индустриски и приватни потреби.
-Користење чисти горива при готвење – електрична енергија, природен гас, течен нафтен гас во градовите, современи печки за готвење и греење со биомаса во рурални средини, замена на јаглен со брикети.
-Префрлување кон обновливи извори за производство на електрична енергија. Користење стимулации за поттикнување на проширена употреба на ветер, соларна и хидроенергија за производство на електрична енергија и постепено отстранување на најмалку ефикасните централи.
-Подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Користење стимулации за подобрување на енергетската ефикасност на апаратите за домаќинство, згради, осветлување, греење и ладење, поттикнување соларни инсталации на покривот.
-Воведување на амбициозни стандарди за енергетска ефикасност за индустријата.
-Промивирање на употребата на електрични возила.
-Поттикнување на пренасочување од приватни патнички возила кон јавен превоз.
-Поттикнување на централизирано собирање на отпадот со одделување и третман на изворите, вклучувајќи користење на гас.
-Поттикнување на наизменична аерација на континуирано поплавените оризови полиња.
-Третман на отпадните води.
-Подобрување на ефикасноста на постоечкото ископување на јаглен.
-Подобрување на постојното производство на нафта и гас.
Извор: Climate Tracker
Пренесува – Радио МОФ