Kинескиот Лас Вегас ќе биде најбогатиот град до 2020 година

- Advertisement -

Макао – често нарекуван кинескиот Лас Вегас, полека но сигурно се претвора во едно од најбогатите места во светот

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека градот кој има посебен административен статус и функционира како дел од Кина, се „радува“ на економската слобода под слоганот „Една држава, два система“, така што ќе го надмине Катар во 2020-та година како град со највисок бруто домашен производ по глава на жител, мерен врз основа на паритет на куповната моќ, пренесува „CNBC“.

Макао се наоѓа на јужниот брег на Кина, на околу 65 километри од Хонг Конг, кој исто така оперира како специјален административен регион и располага практично со економска автономија. Макао е поранешна португалска колонија, а Хонг Конг е поранешна британска.

- Advertisement -

Со текот на годините, Макао стана најголем центар за коцкање во светот. Приходот од коцкање надминува 5 пати повеќе од оние што се создадени во Лас Вегас.

Градот доживеа бурен развој од 2003-та година, кога посетителите од континентална Кина почнаа да пристигнуваат откако рестрикциите за патување беа отфрлени, а кинеското население започна да доаѓа со брзо темпо.

- Advertisement -

Релативно малото население на Макао од 650.000 лица, наспроти економијата на градот води до тоа БДП-то по глава на жител таму веќе да е на едно од највисоките нивоа во светот.

До 2020-та година БДП-то по глава на жител во Макао ќе достигне импресивни 143.000 долари и ќе ги надмине Катар (139.000 долари) и Луксембург (118.000 долари).

- Advertisement -

Хазардната индустрија во Макао е многу попрофитабилна од Лас Вегас во изминатите 10 години. На пример, поголемиот дел од профитот на базираните во Лас Вегас, „Las Vegas Sands“ и „Wynn Resorts“ доаѓа од нивниот бизнис во кинескиот град.

Во 2017-та година 53% од профитот на „Las Vegas Sands“ доаѓа од нејзините операции во Макао, додека кај „Wynn Resorts“ овој удел е дури уште повисок – 71%.

Кинескиот претседател Си Џинпин започна да применува мерки против корупцијата, штом дојде на власт, за кои се верува дека доведе до пад на приходите од коцкање во Макао во неколкуте последователни години.

Меѓутоа, до 2016-та година, овие бројки повторно почнаа да се зголемуваат.

Макао се обидува да направи диверзификација на изворите на приходи од коцкањето, како обложување на повеќе рекреативни иницијативи. Моментално секторот, различен од коцкање, генерира само 12% од вкупните приходи на регионот во однос на цели 65% во Лас Вегас.

Сподели!
- Advertisement -