Ако го сакате Apple, мора да го посетите ова место

- Advertisement -

Љубителите на Apple се посебен вид фанови. Стив Џобс го слават како култна личност, а поради новиот модел на iPhone се подготвени да чекаат со саати, па дури и денови пред продавниците само што побрзо да го купат. За нив нема дилема кој е подобар телефон – iPhone или некој Android, Mac или PC, а се подразбира дека Apple Watch е најдобриот паметен часовник на светот.

Едно од местата кои секој љубител на компанијаѕа би требало да ги посети е мусејот на Apple во Прага. Овој приватен музеј содржи богата историја на Apple и производи кои компанијата ги претстави низ историјата подолга од 40 години. На 776 квадратни метри е сместена најголемата приватна колекција на производи на Apple собрани од 1976 до 2012 година, кога е отворен музејот.

- Advertisement -

Уредите и приказните за секој од нив се подредени хронолошки, така што историјата на компанијата може да се следи од првите компјутери до гаџетите и уредите од оваа деценија како iPhone, iPod, iPad и други. Посебно е интересно да се видат стари компјутери од крајот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век како првите модели на Apple, Lisu II, Macintosh од 1984 година, како и други модели прекукои може да се следи не само еволуцијата на Apple, туку и еволуцијата на целата компјутерска индустрија.

Освен самите уреди, во музејот може да се видат и реклами на Apple, цитати на Стив Џобс, стари фотографии на Џобс и Вознијак. Постои и мултимедијална сала во која се прикажуваат филмови за историјата на компанијата итн.

- Advertisement -

Посебно се истакнаи и некои големи настани од историјата на компанијата, кои ја следат хронологијата на самата постава на музејот и изложбените примероци. На пример, на подот има впечатлива линија на која е означено враќањето на Џобс во компанијата во втората половина на деведесеттите години.Зад таа линија се наоѓаат компјутери дизајнирани по неговото враќање во компанијата и точно може да се види голема разлика во дизајнот пред и после таа линија. Како што знаат сите љубители на компанијата, тогаш на пазарот се пласирани атрактивно дизајнирани iMac, претставени се iBook, а потоа и сите производи кои ни се добро познати како новата генерација десктоп компјутери и лаптопи, iPod, таблети, телефони итн.

Дури и ако не сте љубители на Apple, ако патувате во Прага, ви препорачуваме да го посетите музејот затоа што содржи бројни интересни уреди кои ги обележаа последните дваесетина години и покажуваат колку брзо се менува и напредува технологијата.

Сподели!
- Advertisement -