Компанијата Samsung овозможува 5 години гаранција на одбрани „UHD” и „QLED” ТВ уреди

- Advertisement -

Со цел да им овозможи на своите корисници уште поголема сигурност и уживање во гледањето на содржини преку ТВ уредите, Компанијата Самсунг подготви нов „бран“ промотивни активности. Во период од 1 oктомври до 31 декември 2018 година, сите оние кои ќе купат Самсунг „UHD“ или „QLED“ ТВ уред од серијата „Н“ („N”) од 2018 година ќе добијат 5 години гаранција.

Исто така, покрај оваа гаранција, Самсунг овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на „прегорување“ („burn-in“ ефект) за сите „QLED“ ТВ модели.

- Advertisement -

За да може да ја искористат оваа поволност, корисниците треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk на која може да ја погледнат и листата на уреди опфатени со оваа промоција. За дополнителни информации сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа за корисници на Самсунг на телефонскиот број: (+389) 23 207 777.

Компанијата Самсунг повеќе од 13 години е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на СМАРТ ТВ платформата, за кои Компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.

Сподели!
- Advertisement -