Оваа лепенка за стакло ќе ви ја намали сметката за струја – блокира 70% од сончевата топлина

- Advertisement -

Лепенки за стакло во иднина ќе ги заменат клима-уредите. Научниците велат дека овој материјал задржува 70% од топлината на сонцето и автоматски се затемнува како што се зголемуваат температурите за да одбиваат што повеќе топлина во потоплите денови. Тимот тврди дека доколку надворешниот дел од прозорците на куќата се покриени со овие лепенки, ќе се намалат трошоците за клима-уреди.

Се проценува дека во САД клима-уредите трошат околу 6% од вкупно потрошената струја или околу 29 милијарди долари годишно. Истражувачи на Универзитетот за технологија во Масачусетс ги направија иновативните лепенки. Лепенките под дејство на светлина се собираат за да станат потемни на температури од над 32 степени Целзиусови. Доколку се изложени на пониска температура, нема да ја рефлектираат топлината.

- Advertisement -

Истражувачите се надеваат дека материјалот може да се произведува за домови или за бизнис потреби и да се постави на прозорците во летниот период. За време на тестирањето инженерите поставиле раствор од оваа супстанција меѓу два слоја стакло за да направат прозорец кое ќе ја одбива топлината. Потоа поставиле светлина на прозорецот, а материјалот се замаглил и ја рефлектирал топлината од ламбата.

Сподели!
- Advertisement -