Samsung го покажа својот еластичен смартфон

- Advertisement -

Samsung Electronics го покажа својот одамна најавуван телефон во Сан Франциско и ги повика девелоперите да почнат да прават апликации за него. Јужнокорејскиот технолошки гигант мора да го направи совршениот еластичен смартфон за да ја врати во игра својата мобилна дивизија и повторно да застане рамо до рамо со некои конкуренти од рангот на Apple Inc.

Еластичнуите смартфони треба да имаат екран колку еден таблет, а кога ќе се свиткаат да ги собира во џеб. Џастин Денисон е потпретседател за маркетинг на мобилни производи во компанијата и тој го прикажа прототипот со екран од 18,5 см. Кога го превтика на половина, телефонот изгледаше како еден дебел телефон, но Samsung не дозволи медиумите или девелоперите да го видат одблиску.

- Advertisement -

Како што велат од Samsung, телефонот треба да биде готов за масовно производство во текот на наредните месеци. Samsung е еден од неколкуте компании кои работат на еластични телефони. Една од нив е кинески Huawei, кој треба да го лансира својот 5G еластичен смартфон на средината на 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -