Ова се најдобрите држави за одгледување на семејство (2)

- Advertisement -

Кога се отселувате во држава каде планирате да започнете семејство, постојат многу фактори кои треба да ги земете предвид, а се однесуваат на квалитетот на животот. Како иселеници, особено треба да се размислува за сместување со пристојна цена и квалитетно образование.

Анкета спроведена од InterNations, најголемата светска мрежа на луѓе кои живеат и работат во странство, вклучила оценување на 43 различни аспекти на животот во странство со оцена од 1 до 7.

- Advertisement -

Странците оцениле различни сегменти, од грижа за деца и образование, до здравството за деца и нивната безбедност. Business Insider пренесува детали за првите 19 држави рангирани според анкетата.

Ова се државите рангирани од 10. до 1. место.

- Advertisement -

10. Германија

Германија нуди бесплатно и високо квалитетно образование, но странците преферираат да ги праќаат своите деца во меѓународни училишта наместо во националните како што е Deutche Schule, каде само 7% од странците ја одбираат оваа опција за своите деца.

- Advertisement -

9. Белгија

Оваа држава се вратила на висока позиција првпат после 2014 година поради подобрувањето во неколку фактори, но најмногу во овозможувањето достапност до грижа за деца и образование.

8. Тајван

Азиската држава добила добри оцени во категоријата за безбедност на децата, како и во категоријата за пријателска атмосфера кон семејствата и децата.

7. Австралија

Австралија заработила одлични оцени за повеќе категории, а го добила и првото место во категоријата за разновидност на активности за во слободно време за децата поради што се пласирала во првите десет на листава.

6. Норвешка

Државата се качи на 6. место од 17. место кое го имала минатата година најмногу поради подобрувањето на услугите за грижа за деца.

5. Шведска

Шведска пак, падна од 3. на 5. место годинава како резултат на пониска оцена во категоријата квалитет на образование. Според извештајот, ова најверојатно е поврзано со со која кризата која шведскиот образовен систем се соочува последниве години.

4. Австрија

Минатата година Австрија беше на 1. место, а овогодинешниот пад се должи на влошувањето на условите кои придонесуваат кон семејна стабилност и квалитет на образованието. Извештајот вели дека Австрија секогаш добивала ниски оцени во категоријата овозможување пријателска атмосфера кон семејствата и децата во општеството, а оваа година се нашла на 43. место од вкупно 45 рангирани држави.

3. Израел

Државата се искачи за едно место од минатата година бидејќи 81% од странските родители изјавија дека се задоволни со услугите за грижа за деца и со опциите кои ги имаат за образованието. Генералното задоволство на странските родители изнесува 84%.

2. Чешка

Оваа држава се искачи од 14. на 2. место годинава поради тоа што 74% од испитаниците се согласиле дека образованието е со поволни трошоци, иако не ги добила највисоките оцени во категоријата квалитет на образование.

1. Финска

Финска се најде на највисокото место на листата бидејќи ниту еден странски родител немал негативен коментар за здравството за деца, безбедноста или детската добросостојба во државата. 70% од странците изјавиле дека квалитетот на образованието е одлично, додека пак овој процент на глобално ниво изнесува просечно 21%.

Сподели!
- Advertisement -