Google воведе нови правила за вработените – нема повеќе опивање на работа или на други забави

- Advertisement -

Со години со Google се врзуваат одличните работни услови, високите приходи, мотивирачката атмосфера и можноста за работа на проекти кои го менуваат светот, а сето тоа со неизоставниот слоган „не биди злобен“. Но, се покажа дека не е се толку совршено во компанијата. Неодамна во јавноста протекоа информации за сексуална злоупотрба, а особено е шокантно што шефовите на Google биле запознаени со ситуацијата и наместо моментален отказ или известување на полицијата, злоставувачите ги натерале доброволно да ја напуштат компанијата со навистина високи награди – Енди Рубин добил дури 90 милиони долари.

Минатата недела вработените во Google ги напуштија работните места и протестираа против ситуацијата, барајќи промени во начинот на кој компанијата се однесува кон злоставувачите и барања за подобра заштита на жените во компанијата. Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, одговори на овие барања и објави нови правила за вработените со кои ќе се исполнат некои од барањата на оние кои протестираат.

- Advertisement -

Едно од барањата се однесувало на забраната за присилна арбитража – вработените морале да потпишат договор за доверливост и во случај на сексуално злоставување можеле да ја туќжат компанијата само преку приватна арбитража. Така Google ги држел под контрола своиуте вработени затоа што информациите и туж бите не излегувале во јавност. Ова е проблем и за други компании кои сакаат да ги вработат поранешните вработени во Google затоа што немаат увид во приватните тужби и не знаат дали лицето што го вработуваат е злоставувач или не.

- Advertisement -

Другата голема промена се однесува на консумирањето алкохол – во самата компанија, но и на забавите ина сите настани врзани со работата вработените ќе мора да бидат внимателно со количината алкохол која ја консумираат. Ограничувањето на консумацијата на алкохол, смета Пичаи, е многу битна затоа што се покажало дека во една петтина од случаите на сексуално злоставување во компанијата токму алкохолот одиграл битна улога.

Ако продолжи тој проблем, Пичаи се закани дека ќе преземе уште построги мерки. За да не дојде до тоа ќе мора да се погрижат и вработените на повисоки позиции во компанијата, кои ќе внимаваат во одделите, на настаните и општо, сите случувања врзани за Google вработените да не претеруваат со пиењето.

Сподели!
- Advertisement -