Во декември стартува првиот такси сервис со автономни возила во светот

- Advertisement -

Waymo, компанијата-ќерка на Google, во декември треба да го стартува првиот такси сервис во светот со автномни возила и така да испише нова историја во автомобилската индустрија. Сервисот ќе стартува во Феникс и на почеток сепак нема да биде достапен за сите, туку за ограничен број луѓе. За името на сервисот нема да се користи Waymo и уште не е познато кога компанијата ќе тргне да ги освојува пазарите на кои ќе се бори со Uber и Lyft.

Ова е прв и историски чекор кон иднината во кога по улиците ќе се движиме со возила со кои управуваат компјутери, но и поркај напредокот на оваа технологија, прашање е која автономните автомобили ќе можат да возат по секакви временски услови. Во разговор за медиумите извршниот директор на Waymо, Џон Крафцик, изјави дека возилата со коишто управуваат компјутери никогаш нема да можат да возат по сите временски услови.

- Advertisement -

Автономните возила секогаш ќе имаат некакви ограничувања, смета Крафцик, но изјави дека автономните автомобили денес се реалност, што ќе го потврдат и жителите на Феникс (барем тие кои ќе можат да го користат новиот сервис).

За автономните автомобили неделава зборуваше и соосновачот на Apple, Стив Вознијак, кој уште не верува во оваа технологија, иако ја поддржува технологијата која помага во возењето и на автомобилите им овозможува препознавање на црвено светло на семафори, сообраќајни знаци и избегнување некои незгоди, но смета дека денешните патишта сепак не се прилагодени за компјутери, туку за несовршени човечки возачи. Додаде и дека автопилотот на Teslа прави толку грешки што се уверил дека компјутерите нема да можат да управуваат со автомобили.

- Advertisement -

Ќе биде интересно да се следат реакциите на корисниците на сервисот на Waymo и да се види како се снаоѓаат компјутерите по патиштата. Според тестовите на Waymо, се чини дека компјутерите во возењето се однесуваат подобро од луѓето и се побезбедни од лушето возачи.

Погледнете ги првичните реакции на луѓето кои учествуваа во тестирањето на беспилотните такси возила на Google.

Сподели!
- Advertisement -