Ако на стотина директори им речеме да го опишат својот идеален вработен, нивниот одговор најверојатно би бил нешто вака: потребен им е некој креативен, доверлив човек, има добри реакции на фидбекот, едноставно се мотивира, домбро комуницира со другите, се држи до зададените рокови и работи етички.
Но, изгледа дека според академските истражувања во последната деценија, интровертите за разлика од екстровертите имаат поголема веројатност да поседуваат голем дел од овие карактеристики.
Интровертите генерално се покреативни
За интровертите е познато дека се покреативни од екстровертите. Креативноста е начин на решавање проблеми кај интелигентните, активни, високо емотивни и исклучително интровертни луѓе.
Интровертите полесно се мотивираат
Работата на интровертите кои постојано ги фалите дека добро работат е многу подобра отколку кај интровертите кои се критикуваат или кај екстровертите кои исто така се пофалуваат.
Интровертите подобро се држат до дадените рокови
Според истражување на Универзитетот Мериленд, кога ќе се зададат рокови, екстровертите поретко би ги почитувале за разлика од интровертите затоа што интровертите најчесто планираат однапред.
Интровертите размислуваат пред да кажат нешто
Екстровертите зборуваат доста брзо, додека интровертите главно зборуваат со нормален и изедначен тон.
Интровертите подобро соработуваат
Истражување спроведено мешу студенти покажува дека екстровертите почнуваат повеќе расправи во споредба со интровертите, додека интровертните студенти меѓусебно соработуваат додека не најдат креативно решение за проблемот кој го имаат.
Интровертите подобро го прифаќаат фидбекот
Истражување за коа како интровертните и екстровертните луѓе реагираат на позитивен, неутрален или негативен фидбек открива дека интровертите имаат подобри и посоодветни реакции со оглед на добиените повратни информации за разлика од екстровертните луѓе.