Марс е прилично непријателска планета, па астронаутите што планираат да живеат таму ќе сакаат да имаат некое фино место за живот. Сега архитектите открија визија за тоа како би изгледала една населба на Марс. Тим од архитекти ги објави деталите за три различни видови живеалишта: стан за млади професионалци, семеен дом и луксузна куќа. Најбитните аспекти од сите живеалишта се светлината, заштитата од космичкото зрачење, како и од штетната радијација, изолација од студот и заштита од песочните бури.
Стивен Петранек е автор на книгата „Како ќе живееме на Марс“ („How We’ll Live on Mars“). Тој вели дека ќе живееме на Марс многу побрзо отколку што мислиме. За овој напреден проект тие предвидуваат како ќе изгледаат различните домови на Марс за различен џеб.
Животот на Марс мора да биде попривлечен и психолошки поинтересен и предизвикувачки за доволен број луѓе да сакаат да појдат таму. Летало на НАСА во текот на овој месец треба да слета на Марс и сите во живо ќе можеме да го гледаме слетувањето и да одлучиме дали ќе ја замениме Земјата за Црвената планета.