Ако направите тест за интелигенција на ученици во основно училиште, кога тие личности ќе бидат постари, на истиот тест ќе ги имаат истите резултати од основно училиште. Со овој тест науката потврдува дека, било нам да ни се допаѓа или не, нашата ментална снага главно е иста во текот на животот.

Сепак, тоа колку сте паметни значително може да се смени. Со оглед на тоа дека не можете да влијаете на тоа дали сте роден гениј или не, можете да направите многу работи со интелигенцијата која повеќе или помалку ја поседувате. Сигурно се прашувате како? Имено, неуронаучникот Ед Бојден од Институтот за технологија на Масачусетс постави десет предлози за тоа како да се биде креативен и внимателен во еден свет во кој има прилично сложени проблеми.

- Advertisement -

Ако сакате да постигнете максимално што можете со интелигенцијата која ја поседувате, ова се само неколку основни идеи со кои можете да започнете.

  1. Научете како да учите

„Еден од најбитните теленти на 21 век е можноста да научите се одеднаш и затоа треба да се негува тој талент. Битно е да знаете како ви работи мозокот“ наведува Бојден. Когнитивната наука, имено, има многу информации за оваа тема, која Бојден длабоко ја истражувал.

- Advertisement -
  1. Правете умствени мапи

Цртајте ги работите кои мора да ги направите на големо парче хартија и пронајдете ги работите кои зависат од други. Потоа пронајдете ги работите кои не зависат од никого и ништо, но има многу елементи кои зависат директно од нив и нив решете ги први.

  1. Брзо грешете

Се чини дека Бојден се сложува со една од мантрите на Силиконската долина – можете да погрешите при првиот обид, но тоа направете го брзо и веднаш продолжете понатаму. Сите грешки кои ќе ги направите тргнете ги од својот пат.

- Advertisement -
  1. Постојано поврзувајте ги работите

Никогаш немојте да читате пасивно. Правете белешки, размислувајте, поврзуавјте ги работите уште додека читате, дури и тогаш кога читате нешто што сметате дека се само воведни работи. Постојат многу конкретни предлози како подобро да го постигнете тоа.

  1. Запишете ги најдобрите навики

„Како што ги развивате вештините, запишете ги најдобрите вежби. Така кога ќе се вратите на нешто што веќе сте го правеле, можете да го направите рутински“ вели Бојден.