Самсунг доби 30 “ЦЕС 2019“ награди за иновации!

- Advertisement -

Компанијата Самсунг добитник на 30 “ЦЕС 2019“ награди за иновации за неверојатен дизајн и инженерство

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.), светски лидер за технологија, соопшти дека триесет од нивните нови продуктни иновации се добитници на “ЦЕС 2019“ (CES® 2019) Наградите за Иновации, меѓу кои и две признанија за најдобра иновација. Овој престижен програм ги наградува уредите и услугите кои го претставуваат неверојатниот дизајн и инженерство во најсовремената технологија.

Наградите го акцентираа наследството на Самсунг во развојот на иновативни технолошки решенија што ја промовираат и унапредуваат индустријата. Оваа година, наградуваните иновативни решенија на Самсунг се дел од голем број категории, меѓу кои Визуелен Дисплеј; Фитнес, Спорт и Биотехнологија; Безжични Слушалки и додатоци; Паметен Дом; Биртуелна и Изменета Реалност; Компјутерски Хардвер; Компоненти и Периферни Уреди; Аудио/Видео вградено во возила; Одржливост и Еко-Дизајн.

- Advertisement -

Направивме значајна инвестиција во областа на 5Г технолгоијата, Интернетот на Нештата (IoT) и вештачката интелигенција во изминатава година и чест ни претставува да сме признаени по нашата решителна потрага за да им помогнеме на потрошувачите и индустријата да го направат она што не можеа претходно. Горд сум на креативноста на нашиот тим, нивната посветеност и иновативниот пристап кој го имаа за да ги овозможат најдобрите решенија на пазарот.“ – изјави Тим Бакстер (Tim Baxter), Претседател и Извршен Директор на Самсунг Електроникс за Северна Америка.

Дел од наградените продукти на Самсунг се:

- Advertisement -

Самсунг Галакси Ноут9 (Samsung Galaxy Note9) Уред кој е веќе одамна препознаен по најсовремените иновации од Самсунг претставени на пазарот. Супер моќниот Галакси Ноут9 е премиум телефон со батерија која овозможува целодневен перформанс. Уредон е достапен на корисниците со низа функционалности, меѓу кои новото “С“ Пенкало со Блутут поврзување, најинтелигентната Самсунг камера досега и до еден терабајт меморија за зачувување податоци. Галакси Ноут9 е доволно моќен за да успее да го “држи“ со вас вашето динамично темпо и да ви биде секојдневна поддршка.

Самсунг Галакси Таб С4 (Samsung Galaxy Tab S4) Овој 2 во 1 андроид таблет е дизајниран за сите оние кои сакаат да го искористат максимумот од своето време дури и кога се во движење и овозможува да работите попаметно. Со помош на Самсунг ДеИкс, долготрајната батерија, префинетото “С“ пенкало, 4 АКГ звучници, овој нов таблет допринесува за зголемена продуктивност но и повозбудлива забава – во било кое време, без разлика каде се наоѓате.

- Advertisement -

Самсунг Галакси Рачен Часовник (Samsung Galaxy Watch) Премиум, моќен паметен часовник за сите оние кои посакуваат да направат се, а воедно и да изгледаат одлично. Неговата долготрајна батерија и ЛТЕ поврзаност им овозможуваат на корсниците вистинско самостојно искуство. Со препознатливата ротирачка рамка на Самсунг и подобрената поставеност на стилските опции добивате паметен часовник кој изгледа како традиционален рачен часовник кој е интуитивен за користење. Со над 39 вежби и фитнес активности и новите опции за управување со сонот и стресот, моќниот паметен рачен часовник им помага на корисниците да останат фокусирани на своето здравје и да ги остварат целите за нивна добросостојба.

Безжичен Дуо Полнач (Wireless Charger Duo) Комбинација од безжичната станица за брзо полнење и безжичниот пад, овој двоен полнач им овозможува на корисниците на брзина да го наполнат својот телефон истовремено полнејќи геџет за носење, или пак, друг телефон кој е “Qi“-компитабилен. Полначот ја елиминира потребата од отплеткување на кабли секогаш кога ќе е потребно да се дополнат батериите на уредите, а неговиот вграден држач нуди лесен пристап до екранот на телефонот.

Самсунг ДеИкс (Samsung DeX) Самсунг ДеИкс им помага на корисниците да искусат доживување како да работат на компјутер директно од нивните премиум Самсунг Галакси уреди. Можете едноставно да го поврзете со мобилен уред и екстерен монитор, или пак со Галакси Таб С4 (Galaxy TabS4). ДеИкс им овозможува на корисниците да го користат нивниот телефон или таблет како тастатура или табла на допир. Исто така, овозможува и двоен режим, односно корисниците може да продолжат да го користат телефонот или таблетот додека работат на екстерниот монитор, без разлика дали станува збор за видео разговор или пак цртање и пишување на забелешки. Исто така, корисниците на Ноут9 може да го користат своето “С“ Пенкало за да менуваат слајдови од презентација додека го користат ДеИкс уредот заедно со поголем екран.

SmartThings Уред за следење Мал, лесен ГПС уред за следење кој се поврзува преку ЛТЕ-М мрежа и им помага на луѓето едноставно и попрецизно да ги следат работите кои им се најважни. Без разлика дали станува збор за ранец со спортска опрема кој е изгубен или пак домашното милениче се оддалечило од домот, следењето во реално време е едноставно со помош на апликацијата “SmartThings“ на Самсунг која е компатибилна и со Андроид и со иОС. Членовите на семејството исто така може да го користат овој уред за на испраќаат известување за локација до “SmartThings“ апликацијата која ќе го извести остатокот од семејството. Исто така, може  да се користи и како сензор за пристигнување кој ќе поттикне автоматски активности, како на пример вклучување на автоматско светло, кога уредот е во близина.

 “HMD Odyssey +Овој “Windows“ сет ги привлекува корисниците со неверојатно јасни детали кои овозможуваат удобност и на овој начин тие може да останат задлабочени во нивните омилени игри и содржини. Дополнително, покрај неговите Супер АМОЛЕД екрани, “HMD Odyssey+“ уредот вклучува нова технологија за екрани наречена Ефект на Анти-Екранска Врата (Anti-Screen Door Effect, скратено anti-SDE), па гејмерите веќе нема потреба да се грижат за вртоглавиците и дисторзираниот поглед. Премиум дизајнот на овој уред е перфектно дополнет со богат и динамичен звук со АКГ технологија, вклучувајќи го и просторниот звук од 360°, како и видно поле од 110° – сѐ за овозможување на полесно и попрактично искуство на корисникот.

Самсунг Галакси А6 (Samsung Galaxy A6) За сите оние кои сакаат да добијат многу повеќе од попристапните паметни телефони, Галакси А6 има неверојатен екран, моќна камера и ново ниво на удобност. Со Супер АМОЛЕД бесконечен екран кој ја оживува содржината со светли, богати бои и поддршка за проширување на меморијата до 400GB, Галакси А6 има многу простор за зачувување видеа, музика и фајлови. Со 16 мегапиксели предна и задни камери, корисниците може да креираат фотографии и селфи фотографии кои воодушевуваат, а отворот на задната камера од F1.7 помага при креирање на светли и јасни фотографии во услови на слаба осветленост.

Самсунг 256GB 3DS DDR4 RDIMM – Најбрзиот во индустријата “DDR4“ и меморискиот модул со највисока густина за следната генерација на компаниски серверски платформи е овозможен со најдобрите решенија за потрошувачка инфраструктура со висока густина и високи перформаски, заедно со исклучително ниска потрошувачка на енергија (15 вати на 1.2V).

Самсунг Универзална Флеш Меморија за Складирање од 512GB – Прва во индустријата, 512 гигабајти вградена Универзална Флеш Меморија за Складирање (eUFS), за автомобилски аудио и видео системи и следната генерација предводнички мобилни уреди која ги користи новите 64-слојни 512 гигабајтни “V-NAND“ чипови на Самсунг. Пакетот од 512GB eUFS може да префрли видео клип со висока дефиниција на “SSD“ картичка во 6 секунди, преку осум пати побрзо за разлика од типична “microSD“ картичка.

Самсунг 3.84TB NVMe Z-SSD – “SZ1733“ овозможува ново ниво на складирање за супер-компјутери насочени кон анализа на вештачка интелигенција, големи податоци и ИоТ апликации, користејќи ги новите “Z-NAND“ чипови на Самсунг кои овозможуваат десет пати повисоки перформански за читање на ќелиите од 3 битните “V-NAND“ чипови.

Самсунг LM302S – Најмодерната платформа за осветлување од следната генерација достапна денес е дизајнирана за да ја подобри работната ефикасност со постигнување на поздрави циклусни ритми (циклуси на спиење/будење) во текот на денот, со промовирање на континуитетот од ден кон вечер и поздрав сон. ЛЕД решението на Самсунг може да ја подобри концентрацијата на луѓето овозможувајќи дури 10% зголемена работна продуктивност. Дополнително, може да им помогне на луѓето да спијат подобро во текот на ноќта благодарение на хормонот мелатонин кој е потиснат со помош на “LM302S“ во текот на денот.

Самсунг SSM-U серија – Нов вид на паметни модули со серија мали сензори базирани на радар со поголема чувствителност при детектирање разлики, за разлика од конвенционалните сензори, со невидлива трансмисија за поголема флексибилност во дизајнот во паметното осветлување на домот. Серијата “SSM-U“ може да детектира суптилни движења и да пренесува сигнал до другите компоненти за да го контролира осветлувањето во вистинскиот момент.

“ЦЕС“ Наградите за Иновации се спонзорирани од Асоцијацијата за Потрошувачка Технологија (CTA™), сопственик и организатор на “ЦЕС“. Голем број од продуктите на Самсунг кои беа добитници на награди ќе бидат изложени на Саемот за Потрошувачка Електроника “ЦЕС 2019“, кој ќе се одржи во период од 8 до 11 јануари, 2019 година. Штандовите на Самсунг ќе бидат лоцирани во Централната Сала на Конвенцискиот Центар во Лас Вегас. Останатите наградени уреди ќе бидат изложени во рамки на поставката на наградени иновативни решенија на “ЦЕС 2019“ Наградите за Иновација, во Венецискиот Ресорт Хотел.

 

Сподели!
- Advertisement -