Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

- Advertisement -
Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ. Според постојното законско решение, фирмите што имаат блокирана сметка до крајот на 2018 година може меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг уште една година.

На 1 јануари 2019 година требаше да престане можноста правните субјекти што имаат блокирани трансакциски сметки да вршат плаќање на овој начин, но фирмите ќе добијат уште една година за ваквата можност.

Во образложението пишува: „Основната цел поради која се предлага овој закон е одложување на примената на одредбата од член 25, став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2019 година ќе може меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваaт преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг“.

Сподели!
- Advertisement -