Alibaba отвора логистички центар во Белгија

- Advertisement -

Информацијата дека Alibaba отвора логистички центар во Белгија моментално може само нив да ги радува, затоа што очигледно го заобиколија Балканот. Кинескиот гигант за е-трговија одлучи неговиот центар да биде во Лиж, Белгија, градот кој се наоѓа на тромеѓето близу границата со Германија и Луксембург, а блиску е и Брисел.

Инаку, ова е петти логистички центар на компанијата во светот. Во Европа веќе имаат во Франкфурт. Зошто го избрале токму Лиж засега нема детали, но се шпекулира дека основачот на Alibabа, Џек Ма и тамошниот крал воспоставија добра соработка после Давос. Се претпоставува дека ќе има уште слични инвестиции во Европа, а лобирањето на државите за ова беше толку големо што Холандија, на пример, објави дека ја пропуштила приликата поради задоцнети дипломатски акции.

- Advertisement -

Колку за потсетување, со месеци се шпекулираше каде ќе отвори центар Alibaba, а претставниците на Alibabа беа во интензивен поход по земјите од регионот – од Хрватска преку Унгарија, Романија до Бугарија барајќи стратешки партнер за изградба на голем дистрибутивен центар во овој дел од Европа. Минатата година се пишуваше дека кинескиот гигант сака во Србија да пронајде стратешки партнер, а тоа го најавија и претставници на српските министерства.

Сподели!
- Advertisement -