Innothink – македонска програма според светски стандарди која на компаниите им овозможува да воведете иновации

- Advertisement -

Следејќи ги светските трендови и начини на работа, конечно и кај нас се воведува нова практика која ќе им овозможи на Македонските компании да воведат иновации според светските стандарди. Програмата Innothink која ја имплементира Солвео, базирана на Design Thinking методологијата, воведува нова и свежа перспектива при секојдневното работење и го поттикнува креативното размислување кај вработените.

Innothink е прва и иновативна програма во Македонија која го менува начинот на кој секојдневно работиме со примена на методологијата Design Thinking. Под Design Thinking се подразбира креативен процес на воведување на нови решенија базирани на потребите на корисниците. Оваа методологија овозможува да се идентификуваат клучни потреби на секој корисник или човек, брзо да се креираат тестирани прототипи и да се донесат иновации кои ќе одговараат на идентификуваните потреби.

- Advertisement -

Со цел компаниите да се запознаат со оваа методологија, во склоп на годинешниот Skopje Design Week 2018, Solveo организира 2-часовна интензивна работилница за поттикнување на иновативниот потенцијал во компанијата. Токму оваа работилница ќе ви овозможи подетално да се запознаете со Innothink програмата и методологијата на Design Thinking. Повeќе за настанот дознај тука.

Работилницата е наменета за секој кој сака да имплементира иновации во компанијата, да поттикне креативно и иновативно размислување помеѓу вработените и сакаат да го насочат потенцијалот на нивните вработени во вистинската насока.

- Advertisement -

Без разлика дали сте маркетинг менаџер, специјалист за човечки ресурси, софтверски инженер или проектен менаџер, оваа работилница ќе воведе нов пристап кон иновациите и ќе ви помогне да ги подобрите иновативните способности на вашата компанија. Oстануваат само уште неколку слободни места.

Не ја пропуштај можноста да го откриеш вистинскиот иновативен потенцијал на твојата компанија. Пријави се овде!

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -