Oдлука за мало поевтинување на цените на горивата

- Advertisement -

Од ноќеска на полноќ цените на горивата ќе бидат пониски за 0,66 одсто. Намалувањето е во износ од половина до еден и пол денар за литар.

Со тоа, цената на Еуросупер 95 ќе биде 82,50 денари, 98-цата ќе чини 84,50 денари по литар, дизелот 78 денари, маслото за горење 76 денари. Се зголемува само цената на мазутот и ќе изнесува 43,343 денари по килограм.

- Advertisement -

Регулаторната комисија ги објаснува овие корекции на цените со референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и со курсот на денарот во однос на доларот.

Сподели!
- Advertisement -